Ata Ufuk Şeker
22 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Во првата половина од оваа година, бројот на поднесените први барања за азил во Европската Унија изнесува 592.800, јавува Anadolu Agency (AA).
Европскиот институт за статистика (ЕУРОСТАТ), ги претстави податоците за лицата кои во вториот квартал од 2016 година за првпат поднеле барање за азил во земјите од Европската Унија.
Според тие податоци, во првиот квартал од оваа година, за првпат барање за азил во земјите од ЕУ поднеле 287.085 лица, додека во вториот квартал има зголемување од 6 отсто, и бројката изнесува 305.715 барања. На тој начин, во периодот јануари-јуни 2016 година, за првпат барање за азил во земјите од ЕУ поднеле вкупно 592.800 бегалци.
Меѓу бегалците кои во вториот квартал од годината поднеле барање за азил, на прво место се наоѓаат Сиријците. Во овој период вкупно 90.500 Сиријци, барајќи меѓународна заштита, поднеле барање за азил во различни земји од ЕУ. По Сиријците следат Авганистанците, со 50.300 барања и Ирачаните со 34.300 барања за азил.
Во вториот квартал, најголем број барања за азил добила Германија. Повеќе од половината барања за азил се поднесени за Германија. Во овој период, 187.000 лица поднеле барање за азил во Германија, потоа 27.000 за Италија, 17.000 за Франција, 14.900 за Унгарија и 12.000 за Грција.
Од друга страна, завршно со месец јуни, барањата за азил за меѓународна заштита во земјите од ЕУ кои се во тек, ја надминаа бројката од 1 милион. Во Германија 571.500 лица, во Шведска 130.900, Австрија 83.200, Италија 70.700 и Франија 43.000 лица се во исчекување за добивање азил.