Hacer Başer
31 Декември 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2017
БАГДАД (АА) - Бројот на жртвите во самоубиствените напади извршени денеска во ирачкиот главен град Багдад се зголеми на 24, а бројот на повредени на 28, јавува Anadolu Agency (AA).
Хамид Кемал, од Министерството за здравство, за АА потврди дека болниците во Багдад досега ги примила телата на најмалку 24 лица. Тој, исто така додаде дека бројот на повредени во нападите достигна бројката од 38 лица.
Нападите ги извршија двајца бомбаши-самоубијци во исто време во чаршијата Синк каде што се продаваат авто делови.
За сега никој не ја презеде одговорноста за нападите.