Mazin Majeed Asaad Baqal
30 Септември 2018•Ажурирај: 01 Октомври 2018
ЕРБИЛ (АА) - Гласачите во Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак денес бираат нов состав на Регионалното собрание, јавува Anadolu Agency (AA).
Регионалната изборна комисија соопшти дека гласачките места се отворени утринава во осум часот по локално време, а затворањето на гласачките места е најавено за 18 часот.
Гласачките ливчиња ќе бидат рачно избројани поради кризата која на неодамнешните парламентарни избори во Ирак предизвика сомнеж во сигурноста на електронскиот систем за пребројување.
Нешто повеќе од три милиони регистрирани гласачи денес избираат 111 пратеници во Регионалното собрание, а во изборната трка учествуваат 29 политички партии и коалиции.
Премиерот на Регионалната управа на северниот дел на Ирак, Нечирван Барзани, гласаше утринава на гласачкото место во Ербил.
Тој по гласањето изјави дека изборите се празник на демократијата и дека волјата на народот ќе биде почитувана. Изрази надеж дека изборниот процес ќе помине без инциденти.
„Ги повикувам сите гласачи да излезат на изборите и заедно да изградиме подобра иднина за овој регион“, порача Барзани.