Nazlı Yüzbaşıoğlu
30 Септември 2018•Ажурирај: 02 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Секое осмо лице на светот има 60 и повеќе години, а во 2050 година таа бројка би можела да достигне 2 милијарди, пишува Anadolu Agency (AA).
Со одлуката на Обединетите нации (ОН) во 1990 година, 1 октомври е прогласен за Меѓународен ден на постарите лица.
Податоците на Фондот за население на ОН покажуваат дека денес, 59,6 отсто (околу 4,54 милијарди лица) од светската популација живее во Азија, 16,9 отсто (1,3 милијарда лица) во Африка, 9,7 отсто (742 милиони) во Европа, 8,5 отсто (652 милиони) во Латинска Америка и на Карибите, и 5,3 отсто (404 милиони) во Северна Америка и Океанија.
Извештајот на Фондот за 2017 година покажува дека од 7,55 милијарди лица, во развиените земји живеат 1,26 милијарда лица, а во помалку развиените земји, 6,29 милијарди лица.
Во развиените земји возрасната група од 10 до 24 години е 16 отсто од популацијата, возрасната група од 15 до 64 сочинува 65 отсто, додека лицата од 65 и повеќе години сочинуваат 18 отсто од популацијата.
Во помалку развиените земји возрасната група од 10 до 24 години сочинува 28 отсто на популацијата, на возраст од 15 до 64, 65 отсто, а на 65 и повеќе години, 7 отсто од популацијата.
Извештајот покажува дека возрасната група од 10 до 24 сочинува 26 отсто, од 15 до 64 е 65 отсто, а групата од 65 и повеќе години сочинува 9 отсто од светската популација. Просечниот животен век за мажите е 70, а за жените 74 години.
Податоците на ОН покажуваат дека во моментот 700 милиони лица имаат 60 и повеќе години. Се претпоставува дека оваа возрасна група во 2030 година ќе изнесува 1,4 милијарда лица, односно во 2050 година, 2 милијарди.