Adham Kako,Eşref Musa
01 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
АНКАРА
Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад тврди дека Израел извршил воздушни напади на неколку точки на јужниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Новинската агенција на сирискиот режим, САНА, тврди дека израелските хеликоптери преку Голанската Висорамнина извршиле воздушни напади на места на јужниот дел на Сирија.
Кажано е дека како последица на нападите е причинета материјална штета.
Познато е дека на подрачјата Дера и Кунејтра, покрај режимската војска, се наоѓаат терористички групи кои ги поддржуваат Револуционерните сили на Иран и припадниците на либански Хезболах.
Режимот на Асад тврдеше дека израелските сили на 27 април извршиле напад на подрачјето недалеку од Дамаск, на 20 април на подрачјето Тедмур (Палмира) во Хомс, а на 31 март на источниот дел на Хомс.