Mehmet Burak Karacaoğlu,Eşref Musa,Adham Kako
24 Декември 2019•Ажурирај: 25 Декември 2019
ИДЛИБ
Режимот на Башар ал Асад, кој го игнорира Договорот од Астана, со помош на Иран и Русија го зазеде Појасот Џерџеназ во Идлиб, со што во последните 4 дена воспостави контрола врз 35 населени места, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од синоќа, силите на режимот воспоставија контрола врз Појасот Џерџеназ и селата Хирбет Марата, Ебу Дефне, Ел-Хадисе, Кефер Јасин, Салихије, Дарусселам, Ел-Фалул и Бабулин.
Со тоа, во копнената операција, што силите на режимот ја започнаа на 20 декември, бројот на заземени населени места се зголеми на 35.
Силите на режимот претходно воспоставија контрола врз населените места Ум Џелал, Ум Тувејне, Кит, Хираки, Минтар, Сихал, Ес Сирџ, Сејади, Тел Шејх, Фурџе, Брејса, Рабија, Урејбе, Шара, Ебу Хабе, Мудејрисе, Ебу Шерџи, Крати, Крестене, Хулубе, Тух, Муајсуруне, Техтааја, Ебу Меки, Сукеја и Сирман.
Цел на интензивните напади се центрите и руралните области на Маратинуман и Серакиб.
Во нападот на режимот на Асад, кој има за цел да напредува со копнените сили, поддршка му даваат странските терористички групи поддржани од Иран и руските специјални сили „Тигарски сили“, кои се во составот на 5. Легија.
Извршувајќи воздушни напади, Русија им дава поддршка на силите на режимот.
- Состојба во Зоната за деескалација на судирите во Идлиб
Од почетокот на граѓанската војна, подрачјето на Идлиб, кое се наоѓа во северозападниот дел на Сирија, има улога на упориште на опозицијата и вооружените групи што се борат против силите на режимот. Центарот на Идлиб, кој поради внатрешните миграции достигна бројка од 4 милиони, во март 2015 година потпадна под контрола на опозицијата. Идлиб се наоѓа на врвот од подрачјата кои се цел на интензивни напади на режимот.
Со посредство на Турција, Русија и Иран во текот на преговорите во мај 2017 година во Астана, Идлиб беше прогласен за Зона за деескалација на судирите. На 17 септември 2018 година во Сочи е постигнат дополнителен договор за примирје во Идлиб и за формирање деескалациона зона.
Од потпишувањето на тој договор, во нападите на Асадовите сили и нивните сојузници во Идлиб загинаа најмалку 1.300 цивили, а во изминатата година раселени се над еден милион луѓе. Само во последните два месеца од тоа подрачје се раселени 215.000 илјади цивили.