Haydar Hadi
16 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
БАГДАД (АА) - Осумдесет и девет проценти од западниот дел на ирачкиот град Мосул е исчистен од припадниците на терористичката организација ДЕАШ, изјави портпаролот на Командата за заеднички операции во Ирак, Јахја Ресул, јавува Anadolu Agency (AA).
Ресул потсети дека источниот дел на Мосул целосно се наоѓа во рацете на припадниците на силите за безбедност, и дека во конфликтите до денес загинале 16.467 припадници на ДЕАШ.
Според него, уништени се 679 автомобили-бомби и 11 штаба на терористичката организација ДЕАШ, а борбата против терористите сè уште трае.
Терористичка организација ДЕАШ воспостави контрола над Мосул во јуни 2014 година.
Ирачките сили во ноември 2016 година успеаја да го вратат источниот дел, а на 19 февруари 2017 година започнаа акција за ослободувањето на западниот дел од градот.