Maımaıtımıng Yılıxıatı
28 Септември 2018•Ажурирај: 29 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Иранскиот претседател, Хасан Рохани, вчера изјави дека во ноември ЕУ ќе лансира нов трговски механизам со цел олеснување на трговијата со Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи со новинарите на Меѓународниот аеродром во Техеран, Рохани изјави дека шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, го информирала дека новиот специјален механизам за спроведување комерцијални трансакции со Иран ќе се појави на интернет во ноември.
Коментирајќи ја неговата неодамнешна посета на Њујорк каде што учествуваше на 73. сесија на Генералното собрание на ОН, Рохани изјави дека тој се состанал со врховни официјални претставници од неколку земји и шефови на голем број мултилатерални институции.
Според иранскиот претседател, неколку земји, меѓу кои Франција, Германија, Русија и Велика Британија, се согласиле да воспостават специјален механизам за олеснување на трговијата во различни сектори, вклучувајќи ја и енергијата, со користење различни начини на плаќање.
Резултатите од овие состаноци, вклучувајќи го и состанокот со Могерини, Рохани ги опиша како многу позитивни.