Servet Günerigök
26 Септември 2019•Ажурирај: 27 Септември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Иранскиот претседател, Хасан Рохани, изјави дека иранскиот одговор на какви било преговори во услови на санкции е „негативен“, повикувајќи ги Соединетите Американски Држави (САД) да се вратат на преговори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во име на мојата нација и држава, би сакал да објавам дека нашиот одговор на какви било преговори во услови на санкциии е негативен“, изјави Рохани во Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Тој рече дека Иранската влада и народот останале цврсти против санкциите и никогаш нема да преговараат со непријател кој се обидува да направи Иран да се предаде со оружјето на сиромаштија, притисок и санкции.
„Доколку барате позитивен одговор и како што е најавено од лидерот на Исламската револуција, единствениот начин за да започнат преговорите е враќање на обврските и усогласеноста доколку се чувствителни во име на Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA)“, изјави Рохани.
„Прекинете со санкциите за да се отвори патот за започнување преговори“, изјави Рохани.
Велејќи дека Иран не е сосед на САД, Рохани изјави: „САД се лоцирани тука, не на Блискиот Исток. САД не се застапник на секоја нација. Ниту чувар на ниту една држава.“
Иранскиот претседател изјави дека земјите не ја делегираат моќта на другите земји и не се старатели на другите.
Рохани, исто така, ги обвини САД за спроведување на најнемилосрдниот економски тероризам и за прибегнување кон „меѓународно пиратство“ со користење на меѓународниот банкарски систем.
„Американската влада направи напори за лишување на Иран од предностите на учеството во глобалната економија“, рече Рохани, додавајќи дека Иран не може да верува во поканата за преговори од луѓе за кои тој тврдат дека ги примениле најострите санкции во историјата.
Тензиите меѓу САД и Иран се зголемија откако Вашингтон минатата година еднострано се повлече од нуклеарниот договор склучен во 2015 година. Договорот беше резултат на долготрајните преговори меѓу Техеран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија и ЕУ.
Трамп оттогаш започна кампања за поништување на договорот, вклучувајќи и повторно наметнување санкции врз иранската сурова нафта, кои беа укинати како дел од договорот.