Mahmut Atanur
26 Март 2019•Ажурирај: 27 Март 2019
ЏАКАРТА (АА) - На индонезискиот остров Бали е уапсен руски државјанин при обид од таа земја да прокриумчари младенче од загрозен вид орангутан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Инцидентот се случи на аеродромот „Густи Нгурах Раи“ („Gusti Ngurah Rai“), кога цариниците во багажот на рускиот државјанин Жестков Андреиј пронашле успиено со лекови двегодишно младенче од орангутан.
Весникот „Компас“ јавува дека во багажот на уапсениот Русин е пронајден и еден гуштер гекон и четири камелеони.
Во случај да биде осуден за обид за криумчарење на загрозени животински видови, на Жестков му се заканува затворска казна и до пет години и парична казна во вредност до 7.000 долари.
Индонезиската полиција покрена истрага и откри дека Русинот животните ги купил на нелегален пазар на островот Јава.