Emre Gürkan Abay
09 Април 2021•Ажурирај: 10 Април 2021
МОСКВА
Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушко, изјави дека американските бродови кои влегуваат во Црното Море мора да бидат обврзани со Конвенцијата од Монтре, со која се ограничува нивниот престој во Црното Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Грушко, во изјавата за руската новинска агенција „Интерфакс“, го оцени како дипломатско известувањето на САД до Турција дека два воени брода ќе излезат на Црното Море преку Босфорот.
Нагласувајќи дека активностите на земјите од НАТО во Црното Море од неодамна се зголемени, Грушко рече: „Важно е таквите активности да се спроведуваат во строга согласност со одредбите на Конвенцијата од Монтре, со која се утврдуваат ограничувањата и времетраењето на престојот на бродовите на земјите кои немаат брег на Црното Море.“
Нагласувајќи дека одговорноста за осигурување безбедност во Црното Море им припаѓа на земјите со крајбрежје на Црното Море, Грушко додаде: „Продолжуваме да претпоставуваме дека одговорноста за осигурување на безбедноста во Црното Море е на црноморските држави, кои ги создадоа сите неопходни алатки за ова, вклучително и Организацијата за економска соработка на Црно Море.“