Ekip
13 Декември 2015•Ажурирај: 13 Декември 2015
МОСКВА (АА) - Руската служба за итна помош соопшти дека 21 лице го изгубило животот во пожар кој синоќа го зафатил Домот за згрижување на невролошки пациенти, јавува Anadolu Agency (АА).
Несреќата се случила на 600 километри јужно од Москва во регионот Воронеж. Од итната помош соопштија дека 51 лице е спасено, од кои 23 се хоспитализирани.
Спасувачките екипи пронајдоа 19 безживотни тела, откако пожарот е угаснат, синоќа во 3:00 часот по полноќ по локално време, додека две лица им подлегнале на повредите по медицинското згрижување.
Руските медиуми јавуваат дека сите загинати биле пациенти на Домот. Покрената е истрага за утврдување на причините за пожарот.