Mustafa Keleş
08 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
ЊУЈОРК (АА) - Русија соопшти дека на денешната затворена седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на дневен ред ќе го потегне прашањето за неодамнешното уривање на рускиот воен авион, но и прашањето за влезот на турската војска поради обуката на курдските сили, јавува Anadolu Agency (АА).
Дипломатски извори потврдија дека руската делегација на Советот за безбедност на дневен ред на денешната седница ќе го потегне прашањето за соборување на рускиот авион и турските војници кои се обучуваат за борба против терористичката организација ДАЕШ во северен Ирак.
Досега не е познато дали рускиот обид за дебата околу ангажирањето на турските војници кај Мосул настанал во соработка со ирачки официјални лица. Советот за безбедност во отворениот дел од сесијата ќе го разгледа прашањата на безбедноста во Африка и ситуацијата во Централноафриканската Република. Советот и наутро и попладне, во два наврати ќе одрж затворени состаноци на кои ќе се дискутира за "другите прашања".
Во вторникот 24 Ноември наутро два авиони од типот Ф-16 на Турските воздухопловни сили за време на контрола во согласност со правилата на ангажманот го предупредиле СУ-24 рускиот авиони дека го прекршува турскиот воздушен простор, а потоа интервенираa.
Русија соопшти дека соборениот авион се урнал во пограничниот регион на Сирија, недалеку од турската Хатај. Паралелно со ова, околу 150 турски војници со речиси 25 тенкови, на 4 декември влегоа во северен Ирак за да ја извршат редовната смена со колегите кои беа на обука во базата во Мосул.
Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади овој чин го оцени како "кршење на суверенитетот и добрососедските односи".
Ирачката влада во Багдад вчера и даде рок на турската армија во рок од 48 часа да се повлече од територијата на Ирак.