Abdullah Tevge
18 Март 2022•Ажурирај: 19 Март 2022
ЛАВОВ
Русија изврши напад на објектот за поправка на авиони во градот Лавов на 22. ден од нападите врз Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
По бомбардирањето, кое се случи околу 6:00 часот по локално време, од објектот се издигна црн чад кон небото.
Општината Лавов, во врска со рускиот напад на објектот кој се наоѓа во близина на Аеродромот „Лавов“, соопшти: „Во бомбардирањето се уништени објектите во центарот за сервисирање. Нема човечки жртви бидејќи активното работење на објектот беше претходно прекинато.“
Градоначалникот Андриј Садовји ги предупреди жителите на Лавов да ги следат упатствата во случај на предупредување од воздушен напад и повикувајќи ги да не фотографираат од местото на настанот, побара да им ја олеснат работата на овластените лица.
Бомбардирањето на објектот за поправка на авиони е втор руски напад врз регионот Лавов. Неодамна, Русија со проектили изврши напад на Меѓународниот центар за зачувување на мирот и безбедноста, во кој животот го загубија 35 лица, а 134 беа повредени.