Handan Kazancı
18 Март 2022•Ажурирај: 19 Март 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 109 деца загинаа во Украина за време на руските напади, објавија денес украинските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Други 130 деца се ранети“, објави државната новинска агенција на Украина „Укринформ“ (Ukrinform), повикувајќи се на канцеларијата на Јавното обвинителство.
Се додава дека над 439 образовни установи се оштетени, а 63 други се целосно уништени.
Војната на Русија против Украина, која започна на 24 февруари, наиде на меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции кон Москва и поттикна заминување на светски компании од Русија.
Најмалку 780 цивили загинаа, а 1.252 се повредени во Украина од почетокот на војната.
Повеќе од 3,16 милиони бегалци заминаа во соседните земји, според Агенцијата за бегалци на ОН.