свет

Русија започна жестоки воздушни напади низ Украина

- Русија изврши еден од најинтензивните воздушни напади врз мирните градови, заспаните цивили и клучната инфраструктура со беспилотни летала и проектили, изјави Сибиха.

Davit Kachkachishvili  | 17.11.2024 - Обновена : 17.11.2024
Русија започна жестоки воздушни напади низ Украина

КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави дека руската армија извршила еден од најинтензивните воздушни напади врз многу градови во Украина, известува Анадолу.

„Русија изврши еден од најинтензивните воздушни напади врз мирните градови, заспаните цивили и клучната инфраструктура со беспилотни летала и проектили“, објави министерот Сибиха на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека рускиот напад е еден вид одговор на европските официјални лица кои неодамна телефонски разговарале со рускиот претседател Владимир Путин.

„Потребен нѝ е мир со сила, а не со смирување“, порача шефот на украинската дипломатија.

Властите објавија дека системите за противвоздушна одбрана биле активирани во многу украински градови, а експлозии се случиле во главниот град Киев, Днепар, Запорожје и Крив Рог.

Во Миколаев загинале најмалку две лица, а шест се повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın