Dmitri Chirciu
05 Март 2019•Ажурирај: 06 Март 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, истакнувајќи дека Израел и Русија се договориле да основаат работна група за Сирија, изјави дека групата ќе работи на повлекувањето на странските сили од Сирија, искоренување на тероризмот и обезбедување на стабилноста на земјата.
Песков, во изјавата за новинарите даде оценка за односите меѓу Русија и Израел.
Песков истакна дека рускиот претседател Владимир Путин и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на состанокот во Москва на 27 февруари, одлучија да основаат работна група за Сирија, додавајќи дека форматот и учесниците на групата сѐ уште не се познати.
„Работната група за Сирија ќе работи на повлекувањето на странските сили од Сирија, искоренување на тероризмот и обезбедување на стабилноста на земјата“, нагласи Песков.
Нетанјаху во изјавата дадена за време на неговата официјална посета на Москва кон крајот на минатиот месец рече: „Се договоривме со Путин за повлекување на странските сили од Сирија дојдени од почетокот на граѓанската војна. За да ја постигнеме таа цел, донесовме одлука за основање заедничка екипа меѓу Русија и Израел.“