Elena Teslova
27 Јануари 2023•Ажурирај: 28 Јануари 2023
МОСКВА (АА) - Руската омбдусманка Татјана Москалкова на денешната видеоконференција со нејзиниот украински колега Дмитро Лубинец изјави дека се договориле да разменат списоци на тешко ранети воени затвореници кои треба да бидат репатрирани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашата соработка веќе ни овозможи да решиме голем број прашања поврзани со обединувањето на семејствата, идентификацијата на исчезнатите лица од секоја страна, помошта во размената на затвореници и враќањето дома на притворените цивили“, истакна Москалкова преку Телеграм.
„Освен изготвување списоци на тешко повредени лица, кои се предмет на репатријација, омбдусманите се согласија да обезбедат помош на надлежните органи за враќање на граѓаните кои се предмет на депортација“, додаде таа.
Москалкова истакна дека практиката покажува зголемена улога на омбдусманот „во такви ситуации“, и дека таа и нејзиниот колега се трудат да направат сѐ што е можно за да им помогнат на луѓето кои се во тешка животна ситуација.