Emre Gürkan Abay
20 Септември 2021•Ажурирај: 21 Септември 2021
МОСКВАИстражниот комитет на Русија соопшти дека најмалку 8 лица ги загинале во оружен напад извршен во Универзитетот Перм од страна на студент на универзитетот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Универзитетот Перм соопшти дека вооружено лице отворило оган во зградата на универзитетот, при што универзитетскиот персонал и студентите се скриле во училниците.
Руските медиуми објавија снимки на кои се забележува дека лицата кои се наоѓале во зградата, се обиделе да бегаат скокајќи од прозорци, додека дел од нив поставиле барикади со столици пред училниците.
Министерството за внатрешни работи на Русија првично соопшти дека има загинати и ранети во вооружен напад на Универзитетот Перм, информирајќи дека напаѓачот е застрелан и неутрализиран.
Истражниот комитет на Русија нагласи дека во оружениот напад во Универзитетот Перм загинале најмалку 8 лица, додавајќи дека во нападот има и ранети.
Во соопштението се нагласува дека напаѓачот бил студент на истиот универзитет и во тек е истрага во врска со настанот.