Ali Cura
25 Мај 2022•Ажурирај: 26 Мај 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за олеснување на стекнувањето руско државјанство за жителите од украинските региони Херсон и Запорожје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Путин со декретот ја одобри измената на указот со кој во 2019 година се воведе олеснување за доделување руско државјанство на жителите на самопрогласените републики Доњецк и Луганск.
Во согласност со тоа, покрај оние кои живеат во Доњецк и Луганск, транзицијата кон руско државјанство ќе биде полесна и за оние кои живеат во регионите Запорожје и Херсон во Украина.
За време на рускиот напад на Украина, Руската армија ја презеде контролата врз Херсон и дел од Запорожје.
Неодамна во медиумите се појавија тврдења дека Херсон ќе ѝ се придружи на Русија на референдум, а рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека украинскиот народ сам ќе си ја одреди судбината.