Bahtiyar Abdülkerimov
25 Мај 2022•Ажурирај: 26 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот Генералштаб соопшти дека Руската армија загубила 100 војници во последните 24 часа, вкупно 29.450 од почетокот на војната, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на Украинската армија објави писмено соопштение во кое се вклучени информации за загубите на Руската армија во периодот од 24 февруари до 25 мај.
Во соопштението се наведува дека Руската армија во последните 24 часа загубила 100 војници, 1 авион, 11 беспилотни летала, 3 тенка и 19 оклопни возила, а од почетокот на војната Руската армија загубила вкупно 29.450 војници, 206 авиони, 170 хеликоптери, 1.305 тенка. Покрај тоа, Генералштабот на Украинската армија информира дека се уништени 3.213 оклопни возила, 606 топа, 201 ракетен фрлач и 93 системи за противвоздушна одбрана.
Се наведува дека се уништени и 2.218 возила, 13 брода и лесни глисери и 491 беспилотно летало на руските сили , а 112 крстосувачки ракети лансирани од Русите биле соборени и уништени од украинските единици за воздушна одбрана.
Во соопштението се забележува и дека Руската армија ги зголемила воздушните напади за да ги поддржи своите копнени операции во источниот дел на Украина.
Министерството за одбрана на Русија на 25 март соопшти дека до тој датум во Украина животот го загубиле 1.351 руски војник.