Dmitri Chirciu
03 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
САНКТ ПЕТЕРБУРГ
Во рускиот град Санкт Петербург избувна пожар во болница за инфективни болести. Во пожарот животот го загуби едно лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Руската информативна агенција РИА објави дека врз основа на информациите добиени од Министерството за итни состојби, во четирикатната Болница за инфективни болести „Боткин“ во Санкт Петербург избувнал пожар на вториот кат.
Во зградата во која во моментот на пожарот се наоѓале 274 пациенти и 87 здравствени работници, животот го загубил еден пациент.
Во веста се вели дека според првичните проценки, причина за пожарот е пациент кој пушел цигара во своето болничко легло, и се додава дека пожарот е ставен под контрола.
Претходно, на 12 мај, исто така во Санкт Петербург, избувна пожар во болница во која се лекувале заразени со Ковид-19, при што во несреќата животот го загубија 5 лица.
Девет лица ги загубија животите во дом за стари лица во градот Краснодар во кој биле сместени неподвижни пациенти.
На 9 мај во главниот град Москва избувна пожар во болница во која се лекувале заболени од Ковид-19. Во пожарот почина едно лице.