Sayed Khodaiberdi Sadat
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
КАБУЛ
Во местото Аргистан, во авганистанската покраина Кандахар, експлодира бомба поставена покрај патот. Во експлозијата животот го загубија 9 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полицијата на Кандахар, Џемал Насир Барикзеј, за новинарите изјави дека во местото Хушк Род во подрачјето на Аргистан експлодирала бомба поставена покрај патот во моментот кога по патот минувало возило кое превезувало цивили.
Портпаролот Барикзеј информира дека од експлозијата починале 9 цивили, а 5 се повредени.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.