Elena Teslova
12 Декември 2019•Ажурирај: 13 Декември 2019
МОСКВА (АА) - Русија денес прогласи двајца германски дипломати за „персона нон грата“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението издадено од руското Министерство за надворешни работи се вели дека од вработените во германската Амбасада е побарано да ја напуштат земјата за една недела.
Претходно германскиот амбасадор Гези Андрес вон Гер беше повикан во Министерството за надворешни работи на Русија поради минатонеделното протерување на двајца руски дипломати од Берлин
Минатата седмица Германија протера двајца руски дипломати поради наводната улога на Москва во убиството на Зелимкан Кангошвили, поранешниот чеченски бунтовнички командант.
„Кангошвили се бореше против Русите во текот на Втората чеченска војна од 1999 до 2009 година, а работеше и во Грузија и во Украина против руските интереси“, наведе германскиот „Дојче веле“ („Deutsche Welle“).