Ali Cura
25 Февруари 2020•Ажурирај: 26 Февруари 2020
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека размислуваат да организираат конференција на која ќе учествуваат лидерите на Русија, Турција и Иран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Песков одговори на прашањата во врска со тоа дали претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и рускиот претседател, Владимир Путин, ќе се состанат на 5 март.
„Засега не може да се говори за билатерална средба меѓу Ердоган и Путин“, нагласи Песков и додаде: „Но, ја разгледуваме можноста за мултилатерален состанок (Русија, Турција и Иран).“
Истакнувајќи дека размислуваат за средба на која ќе учествува Иран, а не Франција и Германија, Песков рече дека разговараат за датум на средбата во овој формат.