Emre Gürkan Abay
09 Август 2018•Ажурирај: 10 Август 2018
МОСКВА (AA) – Гласноговорникот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека се нелегитимни санкциите на Соединетите Американски Држави (САД), воведени за Русија поради случајот „Скрипал“, јавува Anadolu Agency (AA).
Песков во Москва ја коментираше одлуката на САД, на Русија да ѝ воведат санкции поради труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија.
„Ваквите одлуки се во спротивност со конструктивната атмосфера во текот на последната средба на американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Русија, Владимир Путин“, појасни Песков.
Нагласи дека Русија ги отфла обвиненијата за учество во случувањата во Солзбери.
„Рестриктивните чекори кои ги презедоа САД за ова прашање, ги сметаме за нелегитимни“, додаде Песков.
Рече дека ќе продолжи да презема конструктивни чекори во односите со САД.
„Русија ќе продолжи да ги штити надежите за воспоставување конструктивни односи со САД. Тоа не е важно само за нашата земја, туку и за стабилноста и безбедноста на целиот свет“, смета Песков.
Министерството за надворешни работи на Русија вчера соопшти дека на Москва, поради труењето на Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија, ќе ѝ бидат воведени нови санкции кои на сила би требало да стапат на 22 август.
Првата фаза на санкциите би требало да се однесува на извозот на Русија и ограничување на финансиските трансакции. Исто така, доколку Русија не гарантира дека во иднина нема да користи хемиско оружје, би можело да дојде до дополнителни санкции, меѓу кои се забрана на летање на руската авиокомпнија „Аерофлот“ кон САД.