Ali Cura
14 Октомври 2019•Ажурирај: 15 Октомври 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека продолжуваат контактите помеѓу Русија и Турција во врска со операцијата „Извор на мирот“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Песков одговори на новинарски прашања во врска со операцијата „Извор на мирот“.
Истакнувајќи дека помеѓу Русија и Турција има контакти на различни нивоа во врска со операцијата, Песков нагласи: „Се одвиваат контакти меѓу раководствата на Русија и Турција.“
Песков, потсетувајќи на телефонскиот разговор меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пред почетокот на операцијата рече дека во близок контакт се и министрите за надворешни работи на двете земји.
Тој даде коментар за рускиот став и позицијата во врска со актуелната состојба во Сирија и движењето на трупите на режимот од Дамаск во регионот каде што турската армија ја спроведува операцијата.
„Ги слушнавте изјавите дека има одредени контакти и договори. Не можам да додадам ништо на ова. Нема ништо ново во пристапот на Русија.“
Наведувајќи дека треба да се избегнат чекорите што ќе влијаат на процесот на политичко решавање и ќе предизвикаат тензии, Песков истакна: „Позицијата на Русија во никој случај не е променета. Таа е добро позната и непроменлива.“
Песков не одговори на прашањето дали во руската воена база во Сирија имало преговори меѓу терористичката организација ЈПГ/ПКК и режимот на Асад.