Dmitri Chirciu,Ali Cura
28 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
МОСКВА (АА) - Се тврди дека во Русија е развиена метода за лекувањето на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на прес-службата на Федералната биомедикална агенција (ФМБА), развиена е метода во чии рамки ќе се користи лекот наречен „Мефлокин“ во лекувањето на Ковид-19.
Во ова соопштение се тврди дека овој лек ќе овозможи излекување на пациентите со Ковид-19 во различни нивоа.
Се истакнува дека лекот го спречува ефектот на клеточното оштетување на коронавирусот со висока селективност и дека го спречува негово размножување.
„Имуносупресивниот ефект на Мефлокин ја спречува активацијата на воспалителната реакција предизвикана од овој вирус“, се додава во соопштението.