Bojana Stojanovic
25 Февруари 2020•Ажурирај: 25 Февруари 2020
БЕЛГРАД (АА) - Двајца од единаесет државјани на Србија, членови на посадата на бродот „Дајмонд принцес“ во Јапонија, се позитивни на коронавирусот и Министерството за надворешни работи се залага за тоа да добие информација кога ќе се симнат од бродот и во која болница ќе бидат сместени, изјави денес министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој за тоа е известен од Министерството за надворешни работи на Јапонија, а станува збор за С.О. (29) и М.Т. (30).
„Амбасадата на Србија во Јапонија е во постојан контакт со нив. Сите наши државјани на овој брод ги имаат броевите на телефоните на нашата Амбасада во Јапонија, како и бројот на мобилниот телефон кој можат да го повикаат 24 часа, а укажано им е и тоа дека доколку бидат сместени во болница потребно е да бараат да ја контактираат Амбасадата“, наведе Дачиќ.
Тој изјави и дека последната група патници чии тестови се позитивни на вирусот, се сместени во новоотворена болница околу 300 километри оддалечена од Токио, во близина на Нагоја, каде што постои интернет-врска, така што постои можност и двајцата српски државјани да бидат сместени во таа болница, доколку има капацитет.