Hakan Ceyhan Aydoğan
04 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија ќе формира нови воени единици како одговор на зголеменото воено присуство на НАТО во близина на границите на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на денешната средба со претставници од Русија, во Москва, министерот Шојгу изјави дека Русија ги презема сите неопходни мерки за да одговори на зголеменото воено присуство на НАТО во близина на границите на Русија.
До крајот на годината ќе се формираат три нови воени единици, од кои две ќе биде во западниот дел и една во јужниот воен округ, изјави рускиот министер за одбрана.
Руските медиуми објавија дека новиот воени формации, најверојатно ќе бидат распоредени во бази во Ростов, Смоленск и Воронеј. Според истите извори јавија дека се работи за воени единици ќе има капацитет од 10.000 војници.