Dmitri Chirciu
14 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Русија е отворена за дијалог со Соединетите Американски Држави (САД) за прашањата поврзани за новите перспективи, вклучително и за хиперсоничното оружје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лавров преку видеоконференција во главниот град Москва одговараше на новинарски прашања.
Наведувајќи дека Русија има намера да соработува со САД во однос на стратешката стабилност, Лавров нагласи: „Ние сме отворени за дијалог со Соединетите Американски Држави за прашања за новите перспективи, вклучително и за хиперсоничното оружје.“
Потсетувајќи дека американскиот претседател, Доналд Трамп, го потпишал указот со кој се дозволува вселенско рударство и ексклузивно користење ресурси вон Земјата, Лавров изрази подготвеност за соработка со САД во однос на тоа прашање.
Осврнувајќи се на прашањето за санкциите и за новиот вид коронавирус, Ковид-19, Лавров рече: „Еднострани санкции се неоправдани сами по себе. Санкциите што се воспоставуваат надвор од Советот за безбедност на Обединетите нации и ги ограничуваат можностите во борбата против епидемијата не се морални, а исто така се и нехумани.“