Ali Cura
14 Јуни 2018•Ажурирај: 15 Јуни 2018
МОКСВА (АА) - Рускиот опозициски активист и основачот на „Фондот за борба против корупција“, Алексеј Навални, излезе од затвор, јавува Anadolu Agency (AA).
Навални, кој е осуден на 30 дена затвор поради организирање недозволени протести во главниот град Москва, одслужи едномесечна затворска казна и е пуштен на слобода.
Судот „Тверска“ минатиот месец го осуди Навални на 30 дена затвор поради неговата улога во организирање на протестите против рускиот претседател Владимир Путин на 5 мај.
Откако Путин победи на изборите во март оваа година, Навални повика на протести во мај кога беше организирана церемонија по повод официјалното преземање на должноста на Путин.
Голем број Руси тогаш излегоа на улиците, извикувајќи пароли против рускиот претседател. Навални тогаш е приведен, потоа пуштен на слобода, а подоцна соочен со судски процес.