Elena Teslova
30 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
МОСКВА
Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, денес повторно е вратен во затворот, откако кратко време беше однесен во болница поради сомнеж дека бил затруен, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Москва го одби барањето на шефот на затворската болница, за одложување на затворот за Навални поради медицински третман.
Навални (43) беше уапсен минатиот викенд поради учество во нелегален собир.
Во неделата изутрина тој беше хоспитализиран, при што неговиот фамилијарен лекар Анастасија Василева изјави дека постои веројатност тој да е затруен.
Навални негираше дека бил затруен од затворската администрација, велејќи дека Руската разузнавачка служба можеби има улога во тоа.
Во соопштението на неговата веб-страница, тој изјави: „Постојат камери насекаде... Потребна ни е снимката кога сите беа изнесени на прошетка или да направат повик. Доколку во тоа време некои луѓе влегле во мојата ќелија, тогаш верзијата за труење има тежина“.
Елдар Казахмедов, консултантски лекар, изјави дека Навални имал симптоми на алергиска реакција.
Навални е гласен критичар на претседателот Владимир Путин и редовно е апсен за организирање протестни собири.