Halit Süleyman
07 Септември 2016•Ажурирај: 08 Септември 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку 28 лица загинаа, а 57 се ранети во воздушните напади кои ги извршија руските авиони денес во квартот Суќери во Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставник на Цивилната заштита во Алепо, Наџип Енсари, за АА изјави дека руските бомбардери денес во три наврати ја гаѓале населбата Суќери која е под контрола на сириската опозиција.
„Бомбардерите на руската и сириската војска веќе неколку дена вршат жестоки напади на цивилите во јужните и централни делови на Алепо. Денес во тие напади загинаа најмалку 28 а ранети се 57 лица. Повеќето од загинатите се жени и деца. Многу згради и објекти се во потполност уништини”, изјави Енсари.
Екипите на Цивилната заштита и активистите ги пребаруваат урнатините за евентуални преживеани.
Хеликоптер на сириската војска лојална на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, фрли разорна барел-бомба со хлор на подрачјето на Суќери во Алепо, а најмалку 100 лица беа згрижени во болница поради труење со тој гас.