Davit Kachkachishvili
27 Јуни 2022•Ажурирај: 28 Јуни 2022
ХАРКОВ (АА) – Руските сили изведоа нови воздушни напади врз градот Харков и регионот, лоциран на линијата на фронтот во источна Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Инфраструктурата во градот е сериозно оштетена како резултат на воздушните напади што руските сили ги извршија врз Харков, вториот по големина град во земјата.

Според жителите на Харков, руските воздушни напади значително се зголемени во последните денови, а звуци на силни експлозии слушнати се во различни делови на градот.

- Во нападите животот го загубија двајца цивили -
Во писменото соопштение на Генералниот директорат на украинската државна служба за вонредни состојби во Харков, се наведува дека двајца цивили загинале, додека двајца се повредени во руските воздушни напади извршени во градот Чугујев, кој се наоѓа на фронтот во близина на градот Харков.