Betül Yürük
21 Ноември 2018•Ажурирај: 21 Ноември 2018
ЊУЈОРК (AA) – Во пожарите во сојузната американска држава Калифорнија од 8 ноември загинаа најмалку 81 лице, а спасувачките служби трагаат за стотици исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на регионот Кори Хоне на конференцијата за новинарите изјави дека се пронајдени посмртни остатоци од уште две изгорени лица, со што билансот на смртно страданите во Калифорнија е зголемен на 81.
„Спасувачките служби трагаат за жртвите. Околу 700 лица се пријавени како исчезнати и уште ништо не се знае за нивните судбини", рече Хоне.
Пожарот на северот на Калифорнија го зафати подрачјето од 570 километри квадратни, а запалени се повеќе од 12.000 објекти и десетици илјади хектари шума.
Уште два пожари избувнаа и на југот на Калифорнија, каде се запалени 450 стамбени објекти.
За размерите на катастрофата која ја предизвика најсмртоносниот пожар во историјата на Калифорнија најдобро говорат апокалиптичните глетки од запалените градови Парадис и Малибу.
Во пожарот во Малибу изгореле бројни вили на познати личности од светот на филмот и музиката, меѓу кои Џерард Батлер, Мајли Сајрус, Скот Баио, Гилермо дел Торо, Ким Кардашијан, Алиса Милано и Раин Вилсон.