Mustafa Melih Ahıshalı
02 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Началникот на турскиот Генералштаб, Хулуси Акар, се состана со иранскиот колега Мухамед Багери, јавува Anadolu Agency (AA).
Багери го пречека Акар во седиштето на иранскиот Генералштаб во Техеран, со сите воени почести.
Интонирана е химната на двете земји, а потоа започна состанокот на двата началника.
Разговарано е за безбедноста на границите, за борбата против тероризмот како и за теми од регионот.
Се очекува Акар да се состане со претседателот на Иран, Хасан Рухани, генералниот секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Шамхани, како и со министерот за одбрана Амир Хатами.