Selçuk Acar
21 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во различни американски градови беа организирани собири за оддавање почест на Небра Хасанен, која беше брутално нападната со безбол палка во неделата, а по нападот таа почина, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа 17-годишна девојка беше нападната додека се враќала од џамијата, по суфур (оброк пред изгревот на сонцето) со пријателите. Телото на младата муслиманка е пронајдено во неделата, во едно езеро.
Голем број граѓани од различни религии присуствуваа на собирите кои под мотото „Правда за Небра“ беа организирани во повеќе од десет американски градови меѓу кои и Њујорк, Вашингтон, Филаделфија, Сан Франциско, Лос Анџелес, Бостон и Детроит.
Американците во Њујорк се собраа на плоштадот „Јунион“ и со цвеќе во рацете ѝ оддадоа почест на брутално убиената девојка и порачаа дека се против насилството и омразата.
Тие носеа и транспаренти со содржина: „Нема да ја заборавиме Небра“ и „Правда за Небра“. На собирите присуствуваа граѓани од различна вероисповед кои се молеа за Небра и положија цвеќе во еден ден од улицата.
Нејзиното семејство и претставниците на муслиманската заедница веруваат дека се работи за злосторство од омраза. Изјавите на полицијата се различни. Прво соопштија дека нема докази оти се работи за злосторство од омраза и дека е можно да станува збор за сообраќајна раправија, а подоцна соопштија дека можеби станува збор за сексуално вознемирување.
Преку интернет е започната хуманитарна кампања за помош на семејството на Небра, во којашто од вчера се придружија 11.000 лица, а собрани се повеќе од 290.000 долари.