Mücahit Oktay
01 Јули 2022•Ажурирај: 01 Јули 2022
ЊУЈОРК (АА) - Американското Министерство за правда покрена истрага против Полициската управа на Њујорк (NYPD) поради нејзиниот третман кон жртвите на „полов напад“, известува Агенција Анадолија (АА).
Кристен Кларк, заменик-јавен обвинител на Одделот за граѓански права при американското Министерство за правда, рече дека по испитувањето на некои извештаи, почувствувале потреба да го истражат прашањето дали Специјалната единица за жртви на НЈПД прави родова нерамноправност во практика.
„Врз основа на информациите што стигнаа до Министерството за правда, гледаме значителни основи за истражување дали полициска истрага на Специјалната единица за жртви на НЈПД се занимава со модел или практика заснована на полот. Жртвите на полов напад од полициските оддели треба да очекуваат ефикасни истраги, кои би биле фокусирани кон жртвата“, рече Кларк.
Истрагата доаѓа по повеќегодишни извештаи за лоши практики на НЈПД во истрагата за злосторствата за „полов напад“ и тужбата на две жени од 2019 година, во која тврдат дека биле малтретирани од единицата на НЈПД.
Според досието на една истрага, една жена упатила пријава против детективите кои го игнорирале извештајот дека била силувана од страна на маж со кого била во врска, запишувајќи го настанот во записникот како „конфликт“, а не како кривично дело „полов напад“, додека друга жена тврдела дека нејзината приказна за киднапирање и групно силување во голема мера била погрешно третирана со месеци.
Претставници на Министерството за правда истакнаа дека ќе контактираат со некои невладини организации и граѓани за да се запознаат со грешките и недостатоците на Специјалната единица за жртви на НЈПД.