Ahmet Karaahmet
15 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
ИДЛИБ (АА) - Осум цивили се убиени, а пет се повредени во нападите на режимот на Башар ал Асад и терористичките групи поддржани од Иран врз селата Иблин и Фуа кои се наоѓаат во границите на деескалациската зона во Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фирас Халифе, одговорен за односи со медиуми во Цивилната одбрана во Идлиб (Бели шлемови), во изјавата за АА рече дека режимските сили ги нападнале селата Иблин и Фуа, што се наоѓаат јужно од Идлиб, во раните утрински часови.
Халифе истакна дека во нападот животот го загубиле вкупно осум цивили, три во селото Иблин и пет во селото Фуа.
Исто така тој додаде дека петтемина повредени цивили се пренесени во околните болници.
- Ситуацијата во Идлиб -
Со посредство на Турција, Русија и Иран, за време на мајските преговори во 2017 година во Астана, Идлиб беше прогласен за една од четирите зони на деескалација.
Силите лојални на режимот на Асад го прекршија договорот и зазедоа три зони, а во Сочи на 17 септември 2018 година беше постигнат дополнителен договор за примирје во Идлиб и за воспоставување деескалациска зона.
Турција во септември 2018 година во Сочи заедно со Русија се договорија за зајакнување на Договорот за прекин на огнот.
Русија и режимските сили започнаа операции за заземање на целиот регион во мај 2019 година и зазедоа неколку големи населби во деескалациската зона во Идлиб.
Конечно, во Москва на 5 март 2020 година беше постигнат нов договор меѓу Турција и Русија.
Примирјето, што режимските сили повремено го кршеа, во голема мера се применува.
Во периодот 2017-2020 година, речиси 2 милиони цивили беа принудени да мигрираат во регионите близу до границата со Турција поради нападите на режимските сили и Русија.