свет

САД потврдија дека 20 деца се убиени во израелски воздушен напад на северот на Газа

- Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, на дневниот брифинг одговараше на прашања за случувањата на Блискиот Исток.

Mücahit Oktay  | 30.10.2024 - Обновена : 31.10.2024
САД потврдија дека 20 деца се убиени во израелски воздушен напад на северот на Газа

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Стејт департмент ја потврди веста дека Израел убил „околу 20 деца“ во воздушен напад врз северниот дел на Газа, известува Анадолу.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, на дневниот брифинг одговараше на прашања за случувањата на Блискиот Исток.

Милер истакна дека американската администрација е „длабоко загрижена“ поради убиството на најмалку 100 палестински цивили во нападот на израелската Армија врз областа Беит Лахија во северниот дел на Појасот Газа.

„Ова беше ужасен инцидент кој доведе до страшни последици. Не можам точно да кажам колкав е вкупниот број мртви, но убиени се дваесетина деца. Несомнено, меѓу нив има и многу деца кои бегаа од последиците на оваа војна повеќе од една година“, рече Милер.

Неговите изјави уследија откако Министерството за здравство во Газа соопшти дека повеќе од 100 Палестинци се убиени, а десетици се повредени во израелските напади врз станбена зграда во градот Беит Лахија извршени во вторникот.

Повеќе од 43.000 Палестинци се убиени во Појасот Газа откако Израел ја започна војната на 7 октомври 2023 година, мнозинството од убиените се жени и деца, а над 101.000 се повредени, објавија локалните здравствени власти.

Израел е обвинет за геноцид врз Палестинците пред Меѓународниот суд на правдата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın