Safvan Allahverdi
03 Јануари 2020•Ажурирај: 04 Јануари 2020
ВАШИНГТОН
Претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека генерал Касим Сулејмани, командантот на Силите на Ерусалим при Иранската револуционерна гарда, требаше да биде уништен пред повеќе години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Трамп даде изјава за медиумите во врска со овој случај, при што рече дека Сулејмани е одговорен за смртта на милиони лица во последниот период, вклучувајќи ги и демонстрантите во Ирак.
„Генерал Касим Сулејмани во текот на времето уби или тешко повреди илјадници Американци. Планираше да убие и повеќе, но беше фатен. Тој беше директно и индиректно одговорен за смртта на милиони лица во последниот период, вклучувајќи и бројни ирански демонстранти“, додаде Трамп.
Тој истакна дека Сулејмани бил омразен во Иран и надвор од оваа земја, но според него, администрацијата на Техеран не го прифаќа тоа.
„(Сулејмани) Требаше да биде уништен пред повеќе години“, нагласи американскиот претседател.