Diyar Güldoğan
31 Јули 2017•Ажурирај: 01 Август 2017
АНКАРА (АА) - Денес е пуштена нова веб-страница на повеќе кој им нуди на бегалците во Турција информации за правата, услугите и обврските, јавува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за бегалци при ОН (УНХЦР) во Турција изјави дека веб-страницата „Помош“ (Help) ќе го зајакне приближувањето до милиони баратели на азил и бегалци во земјата.
Веб-страницата достапна на арапски, фарски, турски и на англиски јазик ќе служи како онлајн служба на УНХЦР за информации наменети за баратели на азил и за бегалците во Турција.
„Веб-страницата 'Помош' ќе ѝ овозможи на сириската и останатата популација да дојде до информации од различни теми кои што најмногу ги бараат барателите на азил и бегалците, од процедурите за утврдување на статусот на регистрација и статусот на бегалец до образование и егзистенција”, додаде УНХЦР.
Агенцијата исто така вели дека Турција останала најголемата земја домаќин на бегалци во светот.
Постојат над три милиони регистрирани сириски бегалци, покрај повеќе од 300.000 баратели на азил и бегалци од други националности регистрирани во УНХЦР.