Sayed Khodaberdi Sadat
08 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
КАБУЛ (АА) - Од кабинетот на претседателот на Авганистан е соопштено дека во источната провинција Нангархар е убиен лидерот на терористичката организација ДЕАШ во таа земја, Абдул Хасиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека лидерот на ДЕАШ во Авганистан, Хасиб, е убиен во акцијата којашто пред десет дена ја изведоа специјалните воени сили на земјата.
Хасиб на чело на ДЕАШ во Авганистан дојде минатата година, кога во воздушна акција на американските сили беше убиен дотогашниот водач на таа терористичка организација Хафиз Саид Хан.
Од кабинетот на авганистанскиот претседател исто така е соопштено дека безбедносните сили продолжуваат со антитерористичките акции, кои ќе траат до конечното разбивање на сите терористички структури на територијата на Авганистан.