Servet Günerigök
24 Јули 2024•Ажурирај: 25 Јули 2024
ВАШИНГТОН (АА) – Директорката на Американската тајна служба, Кимберли Читл, поднесе оставка по притисокот и упатените критики за безбедносните пропусти при обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу.
Повикувајќи се на сопствени извори, „Си-ен-ен“ објави дека Читл поднела оставка поради истрагата за безбедносни пропусти поврзани со обидот за атентат врз Трамп на 13 јули.
Пратениците во Претставничкиот дом на САД вчера ја слушнаа Читл и неколку од нив ја повикаа да поднесе оставка.
За време на сослушувањето, Читл го нарече обидот за атентат најзначајниот оперативен неуспех на Тајната служба.
Таа рече дека мисијата на агенцијата е да ги заштити американските лидери и додаде дека тие не успеале да го сторат тоа на 13 јули.
„Како директор на Тајната служба на Соединетите Американски Држави, ја преземам целосната одговорност за секој безбедносен пропуст на нашата агенција“, рече Читл.