Emre Aytekin
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Американската сојузна држава Калифорнија минува низ тежок период поради шумските пожари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во северниот дел на државата, шумскиот пожар кој започна во текот на викендот, се прошири на поголема површина. Од друга страна, и во пожарите кои го зафатија Лос Анџелес илјадници луѓе се принудени да ги напуштат своите домови.
Најмалку осум куќи се изгорени до пепел, а шест куќи се оштетени во пожарот што избувна зад кампусот Брентвуд во Лос Анџелес.
Илјадници луѓе, меѓу кои и звездата на НБА, Леброн Џејмс и поранешниот гувернер на Калифорнија, актерот Арнолд Шварценегер, беа евакуирани од своите домови поради пожарите кои зафатија површина од околу 2,5 километри квадратни.
Холивудската премиера на новиот филм на Шварценегер, „Терминатор: Мрачна судбина“ (Terminator: Dark Fate), планирана да се прикаже во Лос Анџелес, исто така е откажана поради пожарите.
- Пожарот се прошири на 300 километри квадратни -
Од друга страна, шумскиот пожар кој започна во подрачјето на Сонома, на северот на државата, се прошири на над 300 километри квадратни.
Пожарите ги загрозија населбите во Сонома, кој е познат по своите лозови насади.
Од 180.000 луѓе на кои им беше наредено да се евакуираат, на околу 30.000 им беше дозволено да се вратат во своите домови, додека над 150.000 сѐ уште не се во можност да се вратат во своите домови поради пожарот што продолжува.
Во пожарот се уништени 57 куќи и 123 згради, а 90.000 згради сѐ уште се соочуваат со ризик од пожар.
Компанијата „Пацифик гас“ и Компанијата за електрична енергија, која дистрибуира електрична енергија во регионот, од викендот не успева да снабди со електрична енергија 2,2 милиони луѓе.