Zehra Nur Düz
30 Јули 2024•Ажурирај: 31 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Шумските пожари во американската сојузна држава Калифорнија изгореа површини од над 370.000 хектари, што предизвика евакуација на илјадници жители, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Пожарите, кои започнаа на 24 јули во близина на градот Чико во северна Калифорнија, сè уште траат, јавува Си-ен-ен.
„Пожарот Парк“, кој гори источно од Чико, стана „шестиот по големина шумски пожар во историјата на Калифорнија, опожарувајќи повеќе од 370.000 хектари или 578 квадратни милји“, објави Си-ен-ен, цитирајќи го Одделот за шумарство и противпожарна заштита на Калифорнија (Cal Fire).
„Тоа се случи за само шест дена. Овој регион, и Бут и Техама, со текот на времето во Калифорнија имаше четири од 10-те најголеми пожари познати во историјата“, рече командантот во Одделот, Били Си, на прес-конференција вчера.
„Од синоќа, 12 отсто од пожарот беше локализиран, а уништи 111 објекти и предизвика штета на уште шест во двата погодени окрузи“, додаде Си.