Emel Öz Gözellik
19 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американската администрација соопшти дека Северна Кореја е одговорна за кибер нападот со вирусот „WannaCry“ (ВонаКрај) кој во мај зарази неколку илјади компјутери во целиот свет, јавува Anadolu Agency (AA).
Томас Босерт, советник за национална безбедност на американскиот претседател Трамп, во написот објавен во „Wall Street Journal“ (Вол Стрит Журнал) пишува дека Северна Кореја е директно одговорна за овој напад.
Босерт истакна дека овие тврдења се базираат на докази што ги потврдуваат бројни владини и невладини организации.
Тој рече дека администрацијата на Трамп ќе продолжи да врши максимален притисок за да ги спречи кибер или другите напади на Северна Кореја.
Вирусот „WannaCry“ е програмиран да краде имиња и податоци на лица со цел изнуда на пари, а во мај зарази илјадници компјутери, вклучувајќи ги и оние во владините институции во 150 земји, меѓу кои и во САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина.