Umar Farooq
06 Мај 2019•Ажурирај: 07 Мај 2019
ВАШИНГТОН (АА) - „Соединетите Американски Држави (САД) распоредуваат носач на авиони заедно со група за офанзива во Централниот команден регион на Блискиот Исток за да испратат „јасна и очигледна порака“ до Иран“, соопшти советникот за национална безбедност, Џон Болтон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Болтон нагласува дека распоредувањето е „одговор на голем број загрижувачки и ескалирачки индикации“ од Техеран, и дека секој напад врз интересите на САД ќе биде „пресретнат со безмислосна сила“.
„САД не бараат војна со иранскиот режим, но ние сме потполно подготвени да одговориме на секој напад, без разлика дали од претставник, од корпусот на Исламската револуционерна гарда или редовните ирански сили“, рече Болтон.
Потегот од страна на Вашингтон е последен во низата акции за наметнување економски притисок врз Иран.
Администрацијата на Трамп повторно воведе санкции за извоз на иранска нафта во ноември, откако претседателот се повлече од нуклеарната спогодба со Иран потпишана во 2015 година меѓу Техеран, Вашингтон и пет други земји.
Администрацијата, исто така, ги прекина олеснувањата од санкциите за оние земји што купуваат иранска нафта.
Според веб-страницата на Морнарицата, американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ заедно со група за офанзива е распореден во поморската база „Норфолк“ на 1 април во рамките на „редовното распоредување“.