Servet Günerigök
29 Октомври 2021•Ажурирај: 29 Октомври 2021
ВАШИНГТОН
Советникот за национална сигурност на Соединетите Американски Држави (САД) Џејк Саливан, денеска изјави дека очекува состанокот на претседателот Џо Бајден и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, да се одржи во Глазгов, Велика Британија, но тоа сѐ уште не е потврдено, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Предвидувам дека Бајден ќе се состане со претседателот на Турција во Глазгов. Немам потврда, но мислам дека тоа е сегашното очекување“, рече Саливан на новинарите на летот со авионот „Ер форс уан“.
Ердоган и Бајден в понеделник во Глазгов ќе присуствуваат на Самитот на светски лидери на почетокот на 26. конференција од Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени, позната како КОП26.
Претходно двајцата лидери, овој викенд во Рим ќе присуствуваат на Самитот на лидерите на земјите Г-20.
Ердоган последен пат се состанал со Бајден во јуни, во текот на самитот на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) во Брисел.